Му пришле зад грб и со тупаници го здробиле од ќотек - скопски разбојници завршија зад решетки

СВР-Скопје до Основното јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ф..(20) , Д.Е.(20) и две лица на возраст од 16 години сите од  Скопје, поради основано сомнение  дека  извршиле    кривично   дело   ,,разбојништво “ и кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 31.000  денари. Од страна на судија во  претходна постапка  на Д.Ф. и Д.Е. одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Кривичните  дела пријавените   ги  извршиле  на 07.06.2015 година во раните утрински  часови, на подрачје на Центар. Првото кривичнот дело разбојништво го извршиле околу 02,30 часот на улица   „Лазар Личеновски“  каде го забележале оштетениот при  што му пришле  од зад грб, и без предупредување почнале да го удираат со тупаници и клоци,  го собориле на земја и продолжиле да го удираат. Од џебовите на јакната му ги пронашле и одзеле мобилниот телефон и парите по што го напуштиле местото на настанот, мобилниот телефон го продале на нив познато лице за одредена сума, а добиените  пари  ги дале на  друго лице  на кого претходно му должеле . Второто кривично дело тешка кражба на дрзок начин го извршиле откако повторно се вратиле на улицата „Лазар Личеновски“  на полигонот кај стариот пазар „Бувљак“ каде ја забележале   оштетената која  заедно со уште едно лице се движеле покрај  кејот, по што пријавените им пришле од позади грб и со употреба на физичка сила  и ја грабнале чантата и избегале, а од чантата одзеле одредени предмети и потоа ја фрлиле. По кратко време  од страна на Единицата „Алфа“ пријавените се приведени и со истите бил  извршен разговор и тие  во потполност го појасниле начинот и времето на извршувањето на кривичните дела. По кажување на пријавените каде ги фрлиле одземените предмети од страна на полициски службеници од ПС Центар, предметите биле пронајдени и со потврда вратени на оштетената. На 07.06.2015 во просториите на ПС ОН „Бит Пазар“ од страна на оштетените   како и со купувачот на мобилниот телефон , во присуство на  јавен обвинител  извршено е препознавање на лица каде оштетените ги препознале пријавените како сторители на двете кривични дела.

 

 

Оцени ја веста

14.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега