Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за економски прашања, Комисијата за здравство и Комисијата за одбрана и безбедност.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се Предлог-законот за градежни производи и измените на Законот за електронска трговија и на Законот за концесии и јавно - приватно партнерство, сите во второ читање.

Комисијата за здравство ќе расправа за измени на Законот за хемикалии во прво читање, а Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за управување со кризи во второ читање.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега