Хорор за тетовчанец: Куршум му заврши во автомобилот во кој бил со двете деца

Тетовчанец преживеал вистински хорор додека се движел со својот автомобил. Како што вчера објави македонската полиција, додека тој се возел со автомобил на улицата „Браќа Миладинови“ во неговото сталко завршил залутан куршум.

Според податоците до кои дојде Дневник, 41-годишниот И.М. од тетовско Селце во автомобилот бил со своите две малолетни дечиња. Тој се движел кон Горна Чаршија кога слушнал силен звук, по што забележал дека куршум завршил во неговото стакло. 

Тетовчанецот навистина имал среќа бидејќи малку фалело да дојде до трагедија со оглед на тоа дека во автомобилот биле и неговите дечиња. Направена е материјална штета од 12.000.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега