Трагедијата нема крај: Почина и четвртото момче од сообраќајката кај кумановско Бедиње

Трагедијата нема крај. Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која се случи во кумановската населба Бедиње, пишува МИА.

Во сообраќајната несреќа момчињата се превезувале во „БМВ“ со кумановски регистарски таблички, кое изгуби контрола пред Бедински мост, ја проби заштитната ограда и излета на автопатот. 17-годишниот З.И. беше тешко повреден и по сообраќајната несреќа беше веднаш однесен во Ургентниот Центар во Скопје.

За жал во несреќата на лице место починаа две, а едното момче им подлегна на повредите на патот кон кумановската болница.

За потсетување, трите од момчињата се од Куманово, а едното од липковско Ваксинце. Сите четворица имаат по 18 и 17 години. Автомобилот „БМВ“, со кој се превезувале момчињата, изгуби контрола пред Бедински мост, ја проби заштитната ограда и излета на автопатот. Во тој момент на автопатот поминувала и цистерна која за да го избегне автомобилот се преврте и премина на другата коловозна лента.

Сообраќајката се случи на 9 јуни.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега