Проектот „Ало докторе“ повеќе од успешен

За девет месеци се јавиле 38 822 граѓани и побарале лекарски совет, а само последната недела имало 819 јавувања. 

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

На бројот 15123 за медицински совет се достапни 22 доктори ,а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија.

На сите оние лица кои се јавија на телефонската линија  Ало докторе!, им е дадена соодветна медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска  терапија .

Јавувањата во последната седмица  се  со широк спектар на најразлична симптоматологија , симптомна болка, кардиоваскуларни  и респираторни симптоми .  Со  затоплување на временските услови  многу често се јавуваат граѓани за совети и препораки  поврзани со топлото време ,заштита од сонце и  совети околу терапијата за хронични болести.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега