Попоски: Земјите од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ

Сите земји од Западен Балкан имаат иднина во ЕУ и таа иднина ги определува и перспективите на земјите од нашиот регион. Таквата иднина мора да биде заокружена со една јасна временска рамка. Без таква временска рамка би го намалиле кредибилитетот на таа извесна европска иднина, која е пропагирана во рамки на Берлинскиот процес и веруваме сите дека ќе биде потврдена на следната Виенска конференција во август.
 
Ова беше заклучокот на министрите за надворешни работи на шесте земји од Западен Балкан, Австрија и Италија на работниот појадок со македонскиот колега Никола Попоски во рамките на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централно европската иницијатива (ЦЕИ).
 
-  Ја нагласивме важноста за временска рамка бидејќи беше упатена порака дека на краток рок ниту една од нашите земји нема да влезе. Краток рок е мандатот на оваа Европска комисија. Но, мораме да имаме некаква рамка која ќе ни даде хоризонт во кој временски период може да очекуваме земјите да се приклучуваат кон ЕУ и ќе и ја зголеми физибилноста на таа идеја, нагласи Попоски.
 
По средбата министерот информира дека разговарале и за миграцискиот феномен, проблем со кој се соочуваат сите земји од регионот, особено оние кои се по коридорот од Грција до западноевропските земји.
 
- Огромни напори се вложени на ниво на ЕУ и тоа што го упативме од тука како порака е дека мораме да имаме една сеопфатна стратегија, која ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан за справување со сериозниот предизвик на миграциски движења, истакна Попоски.
 
Според него, било разговарано и за последните развои во поглед на Берлинската агенда.
 
-   Не очекува Виенската конференција во август на која главни теми ќе бидат инфраструктурното поврзување во регионот, како главен фактор за економски развој и подобра поврзаност меѓу земјите во регионот. Во тој контекст ќе бидат истакнати и неколку регионални проекти, кои се идентификувани како приоритетни и за кои ќе бидат посветени дел од средствата кои се мобилизирани од ЕУ и меѓународните финансиски институции, а се однесуваат на енергетски и патни и железнички коридори во регионот, рече министерот Попоски.
 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега