Опозициските експоненти сеат говор на омраза и креираат тензии

Опозициските експоненти продолжуваат да сеат говор на омраза и да креираат тензии.

Најнов во низата поддржувачи на СДСМ кој скандалозно работи во партиска функција е Мирослав Грчев.

Во својата колумна насловена како „ВМРО да се ИСКОРНЕ од македонската држава“ тој користи  изрази полни со омраза против цела македонска држава.

-Единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ, пишува Грчев во колумната објавена во Слободен печат на Бранко Героски.

Грчев водејќи политичка битка во име на СДСМ бара ВМРО да биде фрлено во буниште.

-Фашистичкиот вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата, дополнува Грчев.

Ова скандалозно ширење говор на омраза стана честа реторика на „експертите за се'“ кои работат во служба на опозицијата, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега