Дилери од Скопје паднаа во рацете на полицијата

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Ж.Д. од Скопје поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На 17.08.2014 година околу 16:00 часот кај авто камп „Градиште“  од страна на полициски службеници  бил извршен преглед над пријавениот кај кого пронашле марихуана.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 33-годишниот Б.А. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 31.07.2014 година околу 21:30 часот во авто камп „Градиште“   од страна на полициски службеници  бил извршен претрес во камп приколка во која бил сместен пријавениот при што се пронајдени 12,42 грама марихуана.

 

 

Оцени ја веста

15.06.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега