Кој е „кртот“ во опозиијата: Кој му ги даде информациите на Press24 за аферата „Буњаковец“

 

Кој му ги дава информациите на Press24 за аферата „Буњаковец“. Жестока кавга избила вечерва во опозициските редови кога раководството на СДСМ почнало да ги бара одговорите на овие прашања.
Повеќе од еден час, функционерите на СДСМ заедно со Жерновски го барале „кртот“ во сопствените редови.

Во партијата се коментирало дека секогаш Press24 ги добива информациите и договорите кои потекнувале од најтесното партиско раководство па во опозицијата вечерва, како што вели нашиот извор се правел попис „кој е наш а кој не е“

Дел од највисоките партиски функционери коментирале дека токму Press24 го објави името на Стево Пендаровски, непосредно откако тој беше договорен во самиот партиски врв, а за тоа не беше воопшто информирано членството. Тоа, како што рекол функционерот, потоа направило проблеми кога партијата за да го испочитува Статутот морала да го протне на партискиот Конгрес, а во јавноста да биде критикувана за недостаток на демократија.

Редакцијата на Press24 најавува нови информации поврзани со аферата „Буњаковец“ добиени од патриоти кои си ја сакаат државата. 

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 00:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега