Го фатиле со хероин - дилер падна во рацете на македонската полиција
Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против 33-годишниот К.Ч. и 31-годишниот М.А. од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Утрово од страна на полициски службеници на улица „Максим Горки“ извршен е преглед на М.А. кај кого биле пронајдени 20 паковки со хероин.
Од извршен разговор со истиот утврдено е дека на 16.02.2015 година истиот од К.Ч. купил 21 паковка наркотична дрога хероин за износ од 10.000 денари.
Оцени ја веста
17.06.2015 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа