Силното невреме остави последици: Градот направи штети во Росоман

Врнежите од град кои паднаа вчера попладне во Росоманско повторно направија штети врз насадите со праски и лозја, но и во нивите со градинарски култури.

- Штетите се огромни и на места изнесуваат до 100 проценти. Од невремето најмногу се погодени земјоделските култури во атарите на росоманските село Манастирец и Сирково. Претставници на општината веднаш излегоа на терен за да се утврдат штетите и да се подготви посебен извештај за последиците кои природната непогода ги остави зад себе, рече денеска градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов, апелирајќи до земјоделците да ги пријават штетите.

Лазов нагласи дека поголемиот дел од овоштарите во Росоманско го имаат осигурано родот.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега