Скандали и коруптивни зделки - интелектуалното рекетарско крило на СДСМ се дави во афери

Низа афери, скандали, вмешаност во коруптивни зделки во времето која ја практикувале власта стојат зад имињата на главните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, кои моментално раководат со најголемата опозициска партија, а првиот човек на СДСМ само беспоговорно игра по нивните ноти и продолжува да ги применува нивните совети.

Како што пишува Курир, поранешниот министер во владите на СДСМ, Љубомир Фрчкоски сега важи за еден од советниците на Заев чии ставови имаат големо влијание, ако не и пресудно врз одлуките на раководството на партијата. Изминатиов период јавноста беше запознаена со многу сведоштва поврзани токму за Фрчкоски, каде негови најблиски соработници откриваат детали од неговото матно минато, исполнето со афери, скандали, обвинувања за шверц и корупција, вмешаност во атентатот на претседателот Киро Глигоров и ред други незаконски активности.

Дури и негови блиски соработници, низ изминативе години директно сведочат за каков профил на човек станува збор, според нивни тврдења, “најголем криминалец и арамија“.   Пред неколку години, во јавноста беше објавено интервју со Роли Јакуповиќ, еден од сведоците на матните 90-ти во Македонија, тогашен прв човек на обезбедувањето на СДСМ

-Најголемиот криминалец и арамија тие десетина години во Македонија - Бобан или Фрчко... Јас одговорно и кривично и материјално тврдам дека тој човек е криминалец. Тоа што го обвинуваат Војо и Ламбе е само 0,001 отсто од тоа што го правеше Фрчко. Па само за презентација за една Нова година потроши 40.000 марки, 1.000 марки даде само за шноли и вратоврски. Да не зборувам за милионските бизниси со фри шоповите, во кои влезе заедно со неговиот брат. Сигурно се сеќавате на рејбан очилата. Јас и Славчо Саздов му ги понудивме за 15 марки по парче, а тој купи од Србија по 98 марки, вели Јакуповиќ во интервку објавено на 10-ти септември 2006 година во весникот Вечер.

Во истото интервју Јакуповиќ тврди дека Фрчкоски фрлал пари за слики, за скулптури, за што уште не без никакви тендери, се договорено во четири очи за износи од стотици илјади долари.

За Фрчкоски, македонскиот народ е зомбиран

Фрчкоски при едно свое гостување во НОВА ТВ во декември 2013 година вели дека во Македонија има зомбиран народ, кој бил продуциран од автократската власт.

-Тие продуцираат свој народ, тоа е најопасниот дел кај нив, они се повнатрешнуваат во новите генерации, значи прво ги празнат од критична вредност, ги полнат со страв, дека сме ние жртви на општи напади од сите и од секого, внатре Албанци, надвор соседи за името од Грција, Европа не не разбира, значи тотални жртви. Потоа ги полнат со лажна херојска содржина на победници и александрови и потоа тој така зомбиран народ е нивен народ, они мислат дека тие го застапуваат него во таа приказна илузорна, вели Фрчкоски.

Фрчковски на крајот од мај годинава повторно го навреди македонскиот народ.  Тој во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија иронично и со потсмев кажа “ова ли е елитата” мислејќи на огромната бројка на луѓе кои се насобра пред Собранието. Поради таквото дрско потценување мораше да реагира водителот и новинар Чомовски кој кажа дека тоа е навреда.

Фрчкоски за новинарите- се одгледуваат како печурки во подруми

Фрчковски во една прилика од позиција на министер за македонското новинарство ќе изјави дека “наменски се одгледува како печурка во подруми и се храни со го*на”.

СДСМ креираше и контролираше медиуми и новинари повеќе од една деценија, тврдеше новинарката Мирка Велиновска интервју пред околу две години.

-Да, тоа се случуваше и најодговорно тврдам дека сега најгласни во битката за слобода на медиуми се истите тие новинарски кадри што и служеа на таквата политика, а кои како што се изјасни Љубомир Фрчкоски во една пригода, се одгледани како печурки во подрум, на темно, и хранети со измет. Всушност, ја имам и напишано случката со Фрчкоски и за тоа како настана „Дневник“ на чело со Бранко Героски, вели Велиновска.

Taa додадава дека додека Фрчковски бил министер за внатрешни работи, неколкумина кои важеле за влијателни новинари во „Нова Македонија“ и во други медиуми, биле повикани во неговиот кабинет. Открива дека таму биле присутни Елеонора Kаранфиловска, Сашо Орданоски, Александар Чомовски, Милан Банов, Александар Шолјаковски, кога Фрчкоски побарал од нив да го срушат Панде Kолемишевски.

За милион долари го продавал името на Македонија, вмешаност во атентатот на Глигоров

Фрчковски преку свои луѓе од македонската полиција во името на неидентификувани Грци, односно од грчкиот разузнавач генералот Николаос Грилакис, на поранешниот претседател Киро Глигоров му понудил еден милион американски долари што ќе му бидат оставени каде што ќе посака тој, во која било банка во светот, ако во отпочнатите преговори меѓу Грција и Република Македонија се откаже од уставното име на државата, пишуваше дневниот весникот "Бизнис" во 2010 година.

Глигоров наводно му посочил на Фрчковски дека престојот на Грилакис во Скопје може да биде штетен за Македонија. Поранешниот претседател сметал дека тоа може да им наштети дури и на односите меѓу двете држави и затоа го советувал Фрчковски да му го откаже гостопримството на Грилакис и да го префрли во друга држава, пишува Бизнис.

Фрчковски одбил да ги изврши наредбите на Глигоров , се обидел да посредува и му понудил од Грилакис да прими 100 000 долари и подароци, скапоцена амфора извадена од некој потонат брод во Егејско Море и скапоцен саат со златна гривна. Глигоров ги одбил подароците.Според текстот и кривичната пријава објавена во "Бизнис", откако овој обид не успеал, Фрчковски преку негови луѓе од доверба на Глигоров во неговиот кабинет му понудиле еден милион долари доколку Македонија во преговорите со Грција се откаже од уставното име. Глигоров го отрфлил и овој предлог.

-Атентатот врз претседателот Киро Глигоров е дело на мафијата, категорички тврдеше Осман Ватреш, сараевски новинар и регионален експерт за организиран криминал.

Во интервјуто за Национал објавено во 2002 г., по повторното покренување на истрагата врз основа на кривичните пријави на тогашниот министер за внатрешни работи, тој упорно и со докази тврди дека тогашниот министер Љубомир Данаилов Фрчкоски е главниот соучесник, ако не и организатор на обидот Глигоров да се преплаши и откаже од гонењето на мафијата.

-Знам дека и во Македонија влезе голема сума од тие пари, но вие треба да побарате одговор за тоа прво од поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Данаилов Фрчкоски, а потоа и од другите. Фрчкоски беше министер во тој клучен момент, кој дозволи цела таа свита да дојде во Скопје, да го разработи својот криминален бизнис. Еден мирен регион да им стане центар на делувањето. Тука им се близу Солун, Истанбул, Софија.  Се разбира Фрчкоски мора да одговори и на многу други прашања кои многу скоро ќе му бидат поставени. Но, не само нему. На пример, на Добри Величковски, поранешен директор на Агенцијата за разузнавање. Два авиона паднаа на македонска почва, а не се знае ништо. Дали можеби одговорот не се крие во списокот на патниците кои загинаа? Тоа треба Величковски да го каже. Се случија низа кривични дела, а не се знае ништо.  Се случи атентат на претседателот Киро Глигоров, а тие велат дека не знаат ништо. Кој ги водеше тие авионски агенции? Мафијашите летаа од скопскиот аеродром. Фрчкоски и Величковски велат дека не знаат ништо, а вечераа со истите тие мафијаши. Се среќаваа во странство, на пример во Цирих, за што има докази, документи, вели Ватреш во интервјуто од 2002 година.

Ордановски од директор со средно школо до интелектуален рекетар на СДСМ

Поранешниот директор на Транспаренси интернешнл и на МРТ, Сашо Ордановски изминатиов период важи за еден од најблиските советници на опозицискиот лидер Зоран Заев и СДСМ. Заедно со Љубомир Фрчкоски, Бранко Героски и првиот човек на соросовата фондација во земјава Владимир Милчин, искажаните ставови на Орданоски стануваат и ставови на Заев и СДСМ.

Според дел од написите во медиумите, како и тврдењата на познавачите, во моментот кога станал директор на МРТ, Орданоски бил со завршено средно образование, но тоа не претставувало никаква пречка да спроведат скандалозни чекори на штета на вработените и на граѓаните.

Ова во неодамнешна колумна го потврдува и новинарот Драган Павловиќ- Латас, кој пишува дека Ордановски морал да биде сменет по систематизација од таа позиција, бидејќи без школо не можел да ја задржи фунцијата.

-Се продава себе за новинар, интелектуалец као со добри врски во дипломатијата. Патем, од новинарска плата во беднииот нискотиражен Форум заработи куќа во Бардовци од брат-брату, по процена, барем милион евра. Во времето на СДСМ стана главен уредник на МТВ без да има завршен факултет, а беше веќе возрасен човек. Мораа да го сменат, по систематизација без школо неможе да ја држи таа функција, пишуваше Латас.

Лицемерно, деновиве изјавува дека го смениле заради бунтовништво.

-Иди бе браон главо празноглава, поработи уште малку за крвавите косовски пари на Ветон Сурои. Од тие крвави косовски пари Ордaноски живее со децении, им го пу*и на косовските олигарси и нивните криминалци, како што ги правдаше и величеше и во случајот со терористите од Куманово, кои за него се жртви на македонската полиција, пишуваше Латас.

Од директор со средно школо во времето на социјалдемократите, Орданоски сега стана интелектуален рекетар на СДСМ, чии ставови се вреднуваат од најголемата опозициска партија страна и Заев, кој е во сенка на фамозната четворка која ја има заробено партијата. 

СОРОС го корумпира цивилниот сектор во државата

Речиси 100 милиони евра се потрошени од Фондацијата Отворено Општество Македонија (ФООМ)  од 1992 година па до денес. Ова може да се забележи доколку детално се погледнат финансиските извештаи на Соросовиот институт во Македонија

За актуелниот советник на лидерот на СДСМ Зоран Заев многу пати досега медиумите информираа дека тој троши огромни суми за финансирање на медиуми, невладини организации и новинари кои имаат задача да плукаат по владините проекти, мерки и политики. Но, тука е и случајот каде Милчин со сума близу 200.000 евра финансирала и осомничени во случајот „Пуч.“

Невладината на актуелниот советник на Заев од своето основање во земјава до денеска потрошила близу 100 милиони евра за финансирање политики главно насочени во поддршка на СДСМ. Огромни суми се трошат и за медиумите на опозицијата кои ги раководат луѓе кои се качуваат  на говорниците на партиските митинзи на опозицијата.  

Каде отидоа 92 милиони евра на ФООМ и кој добро се “нафатира“ од соросовиот колач е прашањето кое се наметнува, доколку се земе во предвид дека во изминатите 20 години, јавноста не виде ниту еден суштински и конкретен проект од оваа Фондација.

Во 2006-тата година, како што е наведено во Извештајот, се потрошиле над 5 милиони денари за квалитативен монитиронг на медиуми. Доколку се соберат целокупните финансиски средства со кои располагала Фондацијата во сите години на своето постоење, ќе се заклучи дека во Македонија се потрошени над 92 милиони евра од Соросовиот Институт.  Ова е само мал приказ на тоа како оделе парите на годишно ниво.

Според Извештајот, во 2009-та година за финансирање на новинари практиканти во ЕУ, Фондацијата потрошила над 2 милиони денари. За проектот на НВО Инфо Центар- Медиумско огледало се потрошиле 2 милиони  и140 илјади денари. ГЕМ за своите активности добил 20 милиони денари,  а финансиски средства добила и Општина Струмица за изградба на амфитеатар. 

Пари од Фондацијата добил и Мерсељ Биљаљи, кому му го финансирале и издавањето на неговата лична книга, а кој воедно бил и дел од управните органи на СОРОС.

Во 2011 година за пишување на извештаи кои биле упатувани до Европската Комисија, СОРОС Македонија потрошила 18 милиони денари. Еден од носителите на активностите бил Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) под раководство на Лидија Димова, сегашен партиски функционер на СДСМ. Токму Димова е позната по барањето кое го упати до европските институции за одземање на средствата кои ги дава ЕУ за поддршка на Македонија. Оттука, може само да се замисли какви биле барањата и што се пишувало во извештаите кои биле испраќани до ЕУ.

Нови 18 милиони се потрошени на како што стои во Извештајот, “создавање на три нови дневно информативни портали и се започнаа подготовки за нов информативе портал на албански јазик“. Нагласено е дека се збогатиле и унапредиле содржините на два неделни интернет магазини, обучени биле над 30 мпади новинари за продукција.

Во извештајот за 2012 година, Фондацијата се фали дека организирала оценка на капацитетите на Комисијата за лустрација преку креирање на анализи и издавање на стручни трудови. Инаку, ова доаѓа откако првиот човек на организацијата Сорос Македонија, Владимир Милчин, беше лустриран и прогласен за поткажувач на тајните слузби.

Тие во извештаите се фалат дека организирале и 31 дебата на клубот (ГЕМ ) Граѓани за европска Македонија во која учествувале наводно 3505 граѓански учесници и слушатели. Инаку, гласноговорници кои учествуваа на дебатите на Гем клубот се лица како Бранко Героски, Жарко Трајановски, Ѓунер Исмаил и потпретседателската на СДСМ, Фросина Ременски.

За развој само на граѓанското општество таа 2012 година СОРОС потрошил над 1 милион евра. Носител на голем дел од активностите е платформата „Метаморфозис“, која е ќерка фондација на Соросовиот институт.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега