Инспекциите направија праче: Затворени три познати скопски ресторани

Од почетокот на овој месец вонредни, засилени контроли во туристичките места, инспекторите за храна и официјалните ветеринари спроведоа во охридско- струшкиот регион и во Дојран.

Со цел спречување на евентуални труења и инфекции кои лесно можат да се случат како последица на високите температури, со вонредните контроли биле опфатени хотели, ресторани, пицерии, слаткарници, бурекчилници, пекарници, сендвичарници, ќебапчилници, кафе барови, маркетите, летни тераси и други објекти, кад се очекува зголемена фреквенција на туристи.

Со вонредните контроли во охридско-струшкиот регион опфатени биле 101 угостителски објект, а за констатираните недоследности издадени се 34 решенија за нивно отстранување, две решенија за забрана на вршење на дејност, наплатена е глоба во висина од 4.000 евра во денарска противвредност и издадени се осум покани за едукација.

Исто така, од страна на инспекциските служби на Агенцијата, уништени се и 229 килограми небезбедна храна од животинско потекло. При спроведените контроли на 12 оператори со храна во Дојран, од кои шест сé уште не биле почнати со работа, од страна на инспекциските служби на Агенцијата не се евидентирани поголеми отстапувања кога е безбедноста на храната во прашање.

При спроведените вонредни засилени контроли во угостителски објекти во Скопје, од страна на инспекторите за храна и официјалните ветеринари посетени се 14 кафеани и ресторани.

Поради констатирани недоследности кои се однесуваат на несоодветни услови за чување и манипулација на храна од животинско потекло, како и заради несоодветна (нечитлива) декларација на производите, од страна на инспекциските служби како небезбедна нештетно се уништени 60 килограми храна од животинско потекло. На тројца оператори изречена им е и мерка за времено затворање на објектите.

Инспекции имало и во супермаркетите каде што биле најдени јајца со продолжен рок на траење.

Нештетно се уништени околу 6 илјади јајца, на кои, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната, им бил продолжен рокот на употреба, односно, за истите, место 28 дена, на амбалажата бил испечатен рок на употреба подолг од 30 дена.

Станува збор за јајца на кои не им бил истечен рокот на употреба, кои најголемиот дел не биле пласирани на пазарот, односно истите со извршената контрола се пронајдени во магацинот на производителот. Сосема мали количества од овој прехранбен производ, пронајдени биле и во малопродажната мрежа.

За овој прекршок на операторот со храна „6 браќа” од скопско Батинци му е изречена парична казна во висина од 5 илјади евра за правното лице и 500 евра во денарска противвредност, за одговорното лице.

Инаку, на овој оператор со храна, за истиот прекршок, во март годинава му е изречена парична казна во ист износ, бидејќи со спроведена контрола на пазарот, констатирано е дека истиот пуштил во промет 5 илјади јајца со деклариран подолг рок на употреба од законски пропишаниот.

Од страна на официјалниот ветеринар му било издадено решение за забрана за пуштање во промет.

 

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 21:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега