Метеоролозите со лоши вести за викендот

Времето утре ќе биде  сончево  со умерена облачност околу пладне и попладне ќе има услови за слаб локален дожд особено во западните  планински предели, на места ќе се проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, долж Повардарието повремено ќе се заасилува.

Утринската температура утре изутрина во земјава ќе се спушти во интервалот  од 8 до15, а највисоката дневна температура се очекува да се искачи  од  21 до околу  29 . УВ индексот е 7

Во скопското подрачје ќе преовладува  сончево  со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ке се спушти до 12 а дневната ќе достигне до околу 28 степени.  

До крајот на неделава ќе преовладува сончево време со умерена облачност.

 Во попладневните часови локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со порен дожд и грмежи.  Поизразена нестабилост  се очекува  в  недела.

 

Од почетокот на наредната недела се очекува претежно стабилно и потопло време.

 

 

Оцени ја веста

18.06.2015 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега