Попладне подгответе се за дожд

Времето ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за слаб развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и со ретки грмежи.

Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец. Долж Повардарието повремено ќе се засилува, но со помал интензитет.

Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне 28 степени.

До крајот на неделава ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со грмежи. Поизразена нестабилност се очекува в недела.

Од почетокот на наредната недела се очекува претежно стабилно и потопло време.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега