„Лебедово езеро“ во изведба на ансамблот на „Булфрогс“

На сцената на Македонскиот народен театар, вечер  балетското училиште Булфрогс премиерно ќе го изведе балетскиот рецитал „Лебедово езеро“ на музика од Петар И. Чајковски, во кореографија на Александра Никифоровски, пренесува МИА.

Улогата на Одета ја играат Теа Стефановска и Јана Трпковска, а во улогата на Одилија ќе се појават Керолајн Бутемер и Федерика Ј. Донегати – членови на Булфрогс Балет.  Улогите на Принцот Зигфрид и Родбарт ги играат Фатмир Смани и Крешник Мусоли од Националниот Балет на Косово.  

„Лебедово езеро“ е љубовна приказна низ која се проткајува темата за борбата помеѓу доброто и злото. Поаѓајќи од оваа приказна, кореографката Никифоровски внесува нови елементи кои го отсликуваат современиот начин на живеење.

Интернационалното балетско училиште Булфрогс оваа година одбележува шест години од постоењето, а Никифоровски 10 години од своето кореографско творештво. „Лебедово езеро“ е седмата продукција на Булфоргс од основањето на училиштето.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега