Нова средба, нова шанса за решавање на политичката криза

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА денеска во Скопје ќе одржат нова средба за надминување на политичката криза во земјавa.

На  средбата која се очекува да почне  во 13.30 часот, покрај Никола Груевски, Зоран Заев, Aли Ахмети и Мендух Тачи, ќе присуствуваат и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

На средбата се очекува да се договори конечниот датум за да се постигне договор, пред јули, кога треба да се поднесе извештајот за Македонија, од кој ќе зависи препораката за отворање на преговорите за членството во ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега