„Избирав со кого да бидам и што да прававм во креветот со клиентот“

Нема многу жени кои успеале да се извлечат од проституцијата, бидејќи поголемиот дел тешко заболуваат или пак умираат „ на работното место“, а оваа жена од Загреб која успеала да ја напутшти работата, раскажала зошто почнала да работи и како се справила со овој пекол...Завршила само основно училиште. Многу рабо останала без нејзните родители...

- Цели 25 години бев проститутка, уличарка, ку*ва, и успеав да излезам од сето тоа и конечно да пронајдам нормален живот, раскжува оваа Хрватица.

На изглед оваа жена е силна и не може да се забележи дека токму оваа жена се занимавала со проституција во минатото. 

Завршила само основно училиште, многу рано останала без своето семејство, па запознала едно момче во кого се заљубила. 

- Неговиот брат и неговата снаа се занимаваа со проституција. Бев млада и многу заљубена и немав поима за животот. Таа жена ме научи како да заработувам со своето тело. Искрено не се сеќавам на моите први муштерии. Ги имаше над 1000 и сакам што побрзо да ги заборавам, раскажала оваа жена. 

Таа ги наплатувала сексуалните услуги од 250 до 700 куни. 

- На почетокот, секоја вечер излегував  на улица се чувствував многу лошо. Не ги мрзев клиентите туку оние кои ме тераа на таа работа. Иако, навистина никој на сила не ме тераше, но јас не знаев за ништо друго. Бев премлада и не размислував, дури и парите кои ги заработував ги давав на сводниците, се пористувала 50-годишната жена. 

- Никогаш не го сакав сексот. Да го засакав можеби тоа би ми било уживање и не би морала да го правам тоа за пари. Имав слобода да изберам , со кој клиент сакам да одам и на што сакам да се согласам. Кај мене можеа да добијат само обичен секс, без перверзија, а кондомот беше задолжителен , и без бакнежи, раскажувала поранешната проститутка. 

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега