Летаа боксови и ножеви - мигрантите меѓусебно се истепаа кај Гевгелија

Еден мигрант е тешко повреден, откако изби тепачка со ножеви и мачети помеѓу мигрантите, околу граничниот премин Богородица.

Македонската полиција при вршење патролна служба забележа голема група на мигранти, од кои 50-мина меѓусебно се тепале со ножеви и мачети, кај местото „Железен Мост“.

На еден мигрант од Сирија нанесен му е убод од остар предмет и веднаш е пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија. По укажаната помош тој заедно со уште четири лица од неговото семејство се пренесени во Прифатниот центар за азил во Скопје.

Околу 20 лица авганистански државјани кои вршеле напад над останатите мигранти се во бегство.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега