Двајца кумановци ќе одат во затвор поради злоупотреба на безвизен режим

Кумановската полиција поднесе  кривична пријава против лицата Е.К.(48) и Ф.М.(32) и двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на безвизен режим со државите членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор“.

Пријавените иако знаеле дека И.С.(24) и Е.М.(24) двајцата од Куманово ќе бараат азил во Германија на 01.06.2015 година со патничко возило „Опел“ преку граничниот премин Табановце првопријавениот ги превезол во Србија при што ги оставил на бензинска пумпа на автопат Бујановац, каде со друго патничко возило второпријавениот ги презел и однел во Р. Германија.

Откако лицата се пријавиле во Прифатниот камп во Р. Германија како баратели на азил барањето им било одбиено, а подоцна биле депортирани во Р. Македонија.

 

 

Оцени ја веста

19.06.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега