На Харадинај му е вратен пасошот, ја напушта Словенија

Окружниот суд во Крањ вчера му го врати пасошот на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, два дена откако беше уапсен во Љубљана, по потерница од Србија од 2004 година.

Словенечкото министерство за надворешни работи во соопштението наведува дека Харадинај си го зел пасошот а амбасадорот на Косово во Љубљана Неџми Реџепи за агенцијата СТА изјавил дека Харадинај ја напушта Словенија.

Харадинај беше уапсен по потерница од Србија која е уште важечка во Словенија иако во 2012 година Хашкиот трибунал го ослободи од сите обвиненија за воени злосторства од 1998 и 1999 - наведува словенечката агенција.

Засега не е разјаснето зошто потерницата во Словенија се уште важи, јавува СТА, и потсетува дека утрово косовската амбасада во Љубљана упатила нота до словенечкото министерство за надворешни на Харадинај да му се врати пасошот.

Во нотата пишува дека Харадинај, поранешен водач на ОВК а сега лидер на Алијансата за иднина на Косово и пратеник во косовскиот парламент, кој бил премиер на Косово во 2004 - 2005 година, се враќал од специјална дипломатска мисија во странство.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега