Голема полициска акција во Куманово

МВР утрово започна сo спроведување на  финалната фаза од акцијата  за откривање лица кои се вклучени во криумчарење на илегални мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски, пренесува МИА.

Акцијата, додаде тој, се  уште трае и се спроведува на подрачјето на поширокиот регион во кумановско.

- Подолг период се работеше на откривање криминална група која организираше криумчарење на лица од Северена Африка и Блискиот Исток од границата со Грција низ Македонија кон северната граница, а потоа и кон земјите членки на ЕУ. Во текот на акцијата пресечен и еден нелегален транспорт на мигранти кои ги криумчарела истата  група во близина на кумановско Доброшане. Приведени се неколку лица, а мигрантите се згрижени. Со наредба на судот и јавниот обвинител извршен е претрес на неколку објекти на повеќе локации во кумановско и во еден пронајдена е поголема група, изјави Котевски.

Во акцијата досега се приведени и неколку лица кои криумчареле мигранти. 

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега