Го фатиле со хероин - дилер од Скопје во рацете на полицијата

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишниот Б.М. од Скопје, поради  неовластено производство и пуштање во промет  наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога по добиеното сознание дека пријавениот во текот на мај и јуни годинава, од засега непознато лице од Скопје, набавил поголема количина хероин, која ја препакувал за улична продажба и по превземени мерки утврдено е дека Б.М. нарачките ги договарал по телефон, по што хероинот  најчесто го продавал на локации во централното градско подрачје. На 09.06., во непосредна близина на Градски парк во вечерните часови, пријавениот е забележан и легитимиран од полициски службеници на Единицата за недозволена трговија со дрога и при извршен личен преглед, пронајдени му се осум полиетиленски паковки со хероин. Истиот е лишен од слобода, а по наредба на Судија на претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени и одземени вкупно 15 полиетиленски паковки со наркотична дрога хероин. По извршеното вештачење на хероинот  пронајден кај Б.М. е констатирано дека нето маса од 3,39 грама хероин, истиот ја препакувал во 23 полиетиленски паковки во поединечна нето маса од 0,1 до 0,18 грама, при што една паковка, во зависност од грамажата ја продавал на зависници од Скопје за цена од 300 до 600 денари.

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега