Страшна сообраќајка во Драчево - загина 17 годишен мотоциклист

Во несреќата која се случила во населба Драчево, починал седумнаесет годишниот Петар Ј., возач на мотоциклот.

Несреќа се случила во скопската населба Драчево, на улицата „Јустинијан Први“ на раскрсницата со улицата кон село Батинци.

Како што потврдиле од СВР Скопје за Телеграф, во несреќата учествувале возила „Форд мондео“, „Рено лагуна“ и мотоцикл сите со скопски регистарски таблички.

Со телесни повреди се здобиле девојките кои се возеле со него, кои биле на возраст од 16 и 19 години

Девојките се пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а другите возачи кои учествувале во сообраќајката не се пожалиле на повреди.

Истрагата ќе покаже како настанала несреќата.

 

 

Оцени ја веста

20.06.2015 - 20:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега