Јолевски: Македонија заслужува да биде дел од евроатланското семејство

Република Македонија ќе продолжи со реформите во одбранбениот сектор и ги исполнува критериумите за добивање на покана за членство во НАТО. Како земја партнер на Алијансата и ЕУ со учеството во мисиите за зачувување на мирот во глобални рамки Македонија заслужува и е подготвена да стане дел од евроатлантското семејство.

Ова го истакнал министерот за одбрана Зоран Јолевски на средбите со министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, со поранешниот американски секретар за домашна безбедност, Мајкл Чертов, со поранешниот вицепремиер и министер на Чешка Александр Вондра, и повеќе пратеници од европскиот и британскиот парламент кои учествуваат на ГЛОБСЕК форумот во Братислава.

Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбите министерот Јолевски истакна дека учеството во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан и активностите во мировните мисии на Европската Унија и Обединетите Нации се факт кој докажува дека Република Македонија е подготвена да биде дел од евроатлантската алијанса.

На одделните средби Јолевски рекол дека насоката во која Република Македонија се движи е јасна, а тоа е целосна интеграција во евроатлантските структури. Тој додаде дека евроатлантската интеграција на Македонија е еден од најзначајните приоритети на граѓаните и на Владата на Република Македонија.

- Соговорниците истакнаа дека Македонија преку своето учество во мировните мисии на НАТО ги споделува вредностите на евроатлантското семејство и дека поддршката за развивањето и одржувањето на истите е доказ дека го заслужува членството во Алијансата, се наведува во соопштението.

На маргините на Форумот, министерот Јолевски оствари средба и со делегација на Мајкрософт предводена од вицепретседателот на компанијата, Тони Товнес Витлеј, каде стана збор за развојот на информатичкото општество во Македонија, со посебен осврт во образованието и развојот на приватниот сектор. 

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега