„Кризата долго ја планираа, но го потценија народот“

Оваа криза може да ја разреши само народот со својот збор со својата поддршка...на очиглед и во присуство со претставници на ОБСЕ како никогаш досега. Колку повеќе од нив дојдат, подобро за нас и нашата држава, подвлече претседателот на Владата, Никола Груевски на прославата по повод 25 години од основањето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Оваа криза не дојде случајно. Таа била долго планирана и подготвувана. Но таа така беше искреирана што во себе имаше една фабричка маана, го потцени народот и неговиот капацитет за расудување, и неговата волја, рече тој.

Груевски подвлече дека не може на сила да се наметнуваат решенија со кои не се согласува мнозинството на народот, и тоа народот ќе го каже јасно и недвосмислено. 

 

-Драги сопартијци, одиме во голема победа, во победа која ќе се памети после се ова низ што помина нашата земја, победа која заради контекстот кој како причина стои зад предвремените избори, ќе влезе во учебниците и во историјата. Ќе се памти и прераскажува. Ќе се учи, како нетреба во демократско општество да се манипулира и поигрува со вољата и интелегенцијата на народот. Да, тоа ќе биде вистински историска победа, победа на нашиот наспроти нивниот концепт. Тоа ќе биде победа на оние кои работат и даваат резултати и дела, над оние кои работата на интриги и манипулации, победа, на оние кои со континуирани напори низ реформи и промени, ја придвижуваат земјата напред, наспроти оние кои веруваат и се борат преку создаваање криза во земјата, криза во економијата, бркање на инвеститорите кои отвораат нови работни места, да се доберат до власт. Победа на оние кои градат, кои градат патишта, железници, мостови, аеродроми, фабрики, институции, итн, над оние кои прават се, да ја запрат таа градба, за преку неа да не се препознае нивната безидејност и неработење во минатото, затоа што народот повеќепати им даваше шанси. Победа на оние кои се трудат да му удоволат на народот преку реализација на ветеното, над оние кои гледаат и очекуваат некои други, како што гордо пишува во смс пораките Заев до Тачи, некој друг да ги донесе на власт. Не спремаат, вели да не донесат на власт пријателите. Не им е пријател народот, туку некој кој ги спремал за на власт, тој го нарекуваат пријател, посочи премиерот.

Груевски истакна дека тоа ќе биде победа на оние кои веруваат во моќта на народот, над оние кои веруваат дека народот е лесен за манипулирање.

-Затоа таа победа  и тие избори ќе бидат референдум...тоа ќе биде најважната победа затоа што со таа победа во Македонија ќе се порази идејата да некој без работа и труд, а со интриги и манипулации, со плаќање пари некому нелегално да снима разговори кои подоцна ќе се креираат, сечат, лепат и ставаат во погрешен контекст, со плаќачи на тие пари пари кои имаат свои интереси, со втерување страв кај населението дека против секого имале матерјал, ќе се победи на избори. Не народот нема да го дозволи тоа. Ќе интервенира во негова корист, и ќе го запре и казни овој валкан и подмолен обид за  доаѓање на власт, затоа што знае дека ако не го запре и казне, ќе го охрабри, и тие луѓе и во иднина ќе се обидуваат да опстојат со истите методи, заклучи тој.

 

 

Оцени ја веста

21.06.2015 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега