Едмонд Темелко повторно избран за градоначалник на Пустец

Старо-нов градоначалник на единствената македонска општина во Албанија е Едмонд Темелко, кому ова е му е трет мандат на оваа  функција.

Темелко беше кандидат на единствената партија на Македонците, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ). За него гласале 2.076, додека за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски  од Демократската партија, 488 гласачи. Темелко беше единствен кандидат од МАЕИ за градоначалник.

Потврдувајќи ја веста, генералниот секретар на МАЕИ Васил Стерјовски се заблагодари на жителите на Пустец што дадоа максимална поддршка, пред се, за македонската партија со што и во  наредните четири години општината ќе ја раководи МАЕИ.

Едмонд Темелко е роден во Пустец во 1972 година, по занимање е дипломиран ветеринар. Првпат за градоначалник е избран во 2007, по вторпат 2011. За лидер на партијата е избран во 2009, а беше реизбран на Конгресот во 2013 година.

Од партијата се надеваат дека и во Советот на општина Пустец ќе имаат мнозинство. Советнички места очекуваат во повеќе општини. Со свои листи за советници партијата учествуваше во 16 од вкупно 61 општина. 

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега