Излезеноста на локалните избори во Албанија под 47 проценти

Изборната излезеност на вчера одржаните локални избори во Албанија изнесува 46,8 проценти, пренесе ТАСС, повикувајќи се на податоците на Централната изборна комисија (ЦИК).

Се очекува првичните резултати од гласањето да бидат објавени денеска.

Главната опозициска партија во земјата, Демократската партија на 
Албанија (ДПА), ја обвини владеjачката левица за измами за време на 
изборите, пренесува БТА.

„Имаше нерегуларности, манипулации, како и притисок и закани  врз избирачите на десницата“, изјави во коминике Еди Палока, високо позициониран претставник на ДПА.

Истовремено Палока уверуваше дека десната опозиција победила во целата земја, „од југот до северот“.

Изборите се сметаа за тест за зрелоста на демократијата во Албанија - една од најсиромашните држави во Европа и кандидат за членство во ЕУ, забележаа француските медиуми. 

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега