Во Атина протести пред денешниот самит на еврозоната за Грција

На централниот атински плоштад Синтагма синоќа се одржа митинг организиран од страна на Сириза и синдикатот на вработените во јавниот сектор АДЕДИ, на кој демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Демократијата не се уценува“.

Луѓето кои се собраа пред грчкиот Парламентот побара од Владата да не подлегне пред барањата на кредиторите и да не се повлече од своите предизборни ветувања, јави дописникот на МИА од Атина.

Грчкиот народ не сака да прифати никакви нови мерки на штедење и меморандуми, изјави грчкиот министер за реконструкција на производството Панајотис Лафазанис и додаде дека Владата нема да потклекне под уцени и ултиматуми или да прифати договор кој не е во согласност со нејзините предизборни ветувања.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега