Сообраќајната полиција направила парче во Скопје: За што најмногу се казнувало викендов

Во текот на изминатите три дена од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 48 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од нив 25 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 28 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 14  возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, како и девет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на овие три дена од страна на сообраќајната полиција отстранети се 90 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Бели мугри“ која се наоѓа на подрачјето на општина Центар.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

22.06.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега