Родителите огорчени поради пресудата - пијан прегази девојче па судот го ослободи

Седумдесет и тригодишниот Душан Станковиќ кој во 2011 година пијан удри со колата во единаесетгодишната Анџелика Митровиќ од Ваљево, и побегна од местото на несреќата, е ослободен од сите обвиненија, а жалбата на родителите е одбиена затоа што случајот застарел! Борбата на родителите на Анџелина да ја истераат правдата траеше цели четири години. „Се прашувам во каква тоа држава јас живеам? Огорчени сме на српското правосудство кое дозволи да застари тужбата против човекот кој со 1,6 промили алкохол во крвта со кола удри во нашата ќерка кога излегуваше од школскиот автобус и тргна да ја премине улицата“, велат родителите. Основниот суд во Ваљеву во април годинава, донесе ослободувачка пресуда за возачот. Огорчените родители тогаш поднесоа жалба до Повисокиот суд, но нов шок уследи кога стигна одговор дека жалбата е отфрлена поради застареност затоа што несреќата се случила на 26 мај во 2011 година.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега