Поминал само со полесни повреди: Паднал од девет метри врз југо и преживеал!

- Се сеќавам само дека се качив на столбот на трафостаницата во Самоков и дека се разбудив во болница во Куршумлија. Кога ми кажаа што се случило, не можев да поверувам што ме снајде. Јас сум среќен човек, раскажува електромонтажерот Милош Марковиќ (32) од Куршумлија, кој паднал од девет метри височина врз службеното „југо“ и поминал со полесни повреди.

Тој во еден момент паднал од столбот врз „југото“ и кој знае што ќе се случело со него ако случајно не наишол Владо Гасиќ, кој го видел како лежи без свест и повикал Брза помош.

- Животот ми го спаси шчемот што го носев и поминав, не знам како, само со полесни повреди. Да не наидеше Гасиќ, кој ми го извлече јазикот, бидејќи почнав да се гушам, прашање е дали ќе преживеев, вели Марковиќ. Тој додава дека не се сеќава на ниеден детал пред самата несреќа.

 

 




 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега