Мајката на Слаѓана скршена: Ќерка ми се самоуби и ја однесе тајната во гроб

"Мамо спаси ме!", слушнав во мојата подсвест, нешто ми пукна во градите. Вака мајката на 19-годишната Слаѓана Симеоновиќ која се самоуби со пиштолот на татка си, ја раскажува трагичната приказна.

Несреќната девојка отишла од својата куќа во неделата попладнето, а нејзината роднина ја пронашла мртва околу 17 часот.

-Претчувствував дека ќерка ми умира, но не знаев каде е за да и помогнам. Почнав да плачам и да се тресам, па ги повикав роднините да ја бараме. По еден ден стигна и кобната вест, вели мајката ЗЛатка Симеоновиќ.

Слаѓана со својата мајка била на гости, но си отишла пред неа. Потоа и се загибила секаква трага. Таа го земала пиштолот од татко си и заминала. Нејзиниот татко вели дека не помислил дека некогаш таа ќе крене рака на себе.

- Имаме четири деца, ситесе добри и воспитани, одлични ученички. Не знам ни како успеала да го најде и да го репетира пиштолот, вели таткото на девојката низ солзи.

Инаку, таа претходната вечер славела бидејќи се вработила. Тајната зошто си го одзела животот ја однесе со себе во гроб.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега