За готвачот на најпопуларниот хамбургер на Балканот ќе следат санкции

 

За готвачот на најпопуларниот хамбургер на Балканот ќе следат санкции, реши управата на рестораните кои работат на Плитвичките Езера

Портпаролот на компанијата вели дека е разочаран од односот на вработените во ресторанот. Тој додава дека во ситуација која на ресторанот ќе му снема намирници, како во овој случај лепчиња за тоа треба да ги извести гостите и да не ја служи храната.

„Оваа година вработивме 350 сезонски работници од цела Хрватска. Разочаран сум што некој вака ни враќа. Ваква услуга е непримерна особено бидејќи нашата интерна контрола без престан работи и го проверува квалитетот на услугите. Тој ден имавме 7.000 посетители и нормално е да снема намирници, но важно е на гостите да им се објасни со што се располага и што може да се понуди, а не да се послужи нешто што се вика а не личи на хамбургер. Секако ќе следат санкции“ – вели за хрватскиот медиуми портпаролот на Плитвичките езера Огнен Борчиќ

 

Хамбургерот стана хит на социјалните мрежи откако еден посетител објави дека за две лепчиња со плескавица платил 30 куни или 240 денари

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега