Почнува примената на мерката за докуп на стаж

Почнува примената на мерката за докуп на стаж. Сите граѓани кои не можат да остварат право на пензија заради тоа што стажот не им е платен во целост, сега ќе можат сами да си го доплатат. Пресметките покажуваат дека месечно ќе треба да се плаќаат по околу 2800 денари. Процедурата е едоноставна, работникот треба само да поднесе барање до ПИОМ во кое ќе наведе колку месеци му фалат и во која фирма работел. Сите документи останати по службена дожност ќе си ги обезбдува Фондот, објавува Сител

„ Во брз период ПИОМ ќе даде позитивен одговор и потоа граѓаните ќе можат да ги уплаќаат средствата за докуп на стаж. Вкупната сума треба да ја уплатат на најмногу 12 месечни рати. Веднаш потоа државата ќе може да исплатува пензија“, објаснува портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Овие пари многу брзо ќе им се вратат на граѓаните затоа што за доплата на стаж од, на пример 10 месеци, ќе треба да платат околу 28.000 денари. Ако потоа остварат право на најниска пензија од околу 7.500 денари, вложените пари ќе си ги вратат за само четири месеци.

Мерката ќе опфати околу 3000 граѓани кои најмногу во периодот на приватизацијата кога  фирмите пропаѓаа останале покуси за дел од работниот стаж и сега немаат право на пензија. Но ќе можат да ја користат и оние кои ги исполнуваат условите за пензионирање, но со доплата ќе можат да си ја зголемат основицата.

Мерката ќе се применува за неплатените придонеси заклучно со 2008 година.

 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 20:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега