„Како да и кажеме дека мајка и веќе ја нема“? - никој нема храброст да и ја соопшти тажната вест на Лана

Ужас, ова што ни се случи е премногу болно. Ја изгубивме снаата Драгана. Само нашето дете да биде добро, само Лана да преживее. Со солзи во очите семејството на жената која загина во страшната автобуска несреќа ја раскажува тажната судбина.
 
- Како да и кажеме на Лана дека мајка и ја нема?, вели дедото на девојченцето, кој во моментот кога пристигнала екипата на српскиот Курир, бил прегледуван од Брза помош.
 
Свекрвата ја побарала 35-годишната Драгана да види дали стигнале со нејзината внука. Телефонот и бил изгаснат, па помислила дека нема батерија. Потоа слушнала за несреќата.
 
- Знаете ли колку се радуваше Лана што ќе оди на море? Заврши прво одделение и беше пресреќна. Ова што се случи е страшно. Само да биде добро, велат од семејството на 8-годишното девојченце кое се здоби со повреди.
 
Инаку, Драгана била разведена од сопругот.
 

 

Оцени ја веста

23.06.2015 - 21:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега