Мајка си го нападна синот со нож поради единица по хемија

Мајка си го избодела синот со нож во стомакот, откако дознала дека има единица по хемија, во Србија.

Кога ученикот од прва година Гимназија, се вратил дома со оценките, мајка му започнала да му се дере поради слабиот успех, па зела нож и го прободела во стомакот.

Ученикот ги повикал другарите да го одведат во болница, каде за среќа констатирани му биле лесни повреди.

Српските медиуми пренесуваат дека иако бил слаб ученик, бил добро момче и не правел инциденти на училиште.

На мајката му е одреден притвор од 30 денови.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 09:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега