Утре се навршуваат 59 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски

Утре се навршуваат 59 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

По тој повод, утре, на гробот на претседателот во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе.

Освен градоначалникот Петре Латиновски и делегација од општината, свежо цвеќе ќе положат претставници од сите основни училишта од општина Бутел, повеќе невладини организации и здруженија, а секако и членови од семејството Трајковски.

Во чест на претседателот ќе бидат прочитани десетина песни од стихозбирката „Спомени за Борис Трајковски“ во која се застапени авторски песни на ученици од основните училишта во општина Бутел.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега