Раде се самоуби и тајната ја однесе во гроб

Самоубиството на Радомир Неранџиќ, полицаецот од Белград кој си го одзеде животот, е само уште една во низата трагедии кои периодов се случија во Србија. 54-годишниот полициски службеник во саботата беше пронајден како лежи мртов пред својот автомобил Опел Корса. Колегите со кои работел и понатаму се во шок и не можат да поверуваат што се случило.

- Со години работеше на најтешките случаи и беше успешен. Се изнагледа се и сешто. Тоа се сиклучително стресни ситуации, но ако некој делуваше смирено и самоуверено, тоа е тој. Ден пред трагедијата дојде на работа, се шегуваше, беше расположен...не делуваше какочовек кој ќе крене рака на себе, велат пријателите за српскиот Курир.

Тој во последно време доживеал неколку трагедии кои многу тешко му паднале.

- Почина неговата мајка, загина во сообраќајка, потоа и неговиот татко...смртта влијаеше на него, можно е се да му се собрало, но тој беше стабилен човек, додаваат колегите.

 

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега