Страшна сообраќајка: Жена го загуби животот, сопругот без свест се бори за живот

Страшна сообраќајна несреќа се случи во Србија, при судир на автобус и автомобил, во кој една жена го загуби животот.

Возачот на автомобилот се обидувал да престигне шлепер на кривина, но директно се судрил со автобус, пренесуваат српските медиуми. Во судирот на лице место почина жена од 70 години, која седела на совозачкото седиште во автомобилот, а возачот, кој се наоѓа во животна опасност, е пренесен на болница. Двајца патници од автобусот се полесно повредени.

Возачот на автомобилот, како што објаснуваат патниците од автобусот, се обидел да ја избегне несреќата, но за жал не успеал.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега