Второ прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионската дезинсекција против комарци на подрачјето на Град Скопје.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 25.06.2015 (петок) и на  26.06.2015 (сабота), во период од 05.30 до 08.00 часот.

Додека пак, вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 28.06.2015 до 02.07.2015 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден,  кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин,  а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега