Аџиев: Комисијата за верификација на фактите го заокружува процесот на лустрација

Главната работа на Комисијата за верификација на фактите, чија работа беше заоснована и насочена кон утврдување на фактите е завршена и може да се очекува заокружување на тој процесот на лустрација. Ова во интервју за Република го истакна претседателот на Комисијата за Лустрација,Томе Аџиев.

Според неговите зборови, Комисијата за верификација на фактите до сега утврдила соработка со органите на државната безбедност на над 300 лица, а проверила повеќе од 30.000 лица. Меѓу лустрираните се најдоа професори, писатели, поранешни министри, политички функционери, јавни личности. 

Аџиев во интервју за Република истакнува дека нападите на овој процес пред се доаѓаат од оние кои заради политички и идеолошки побуди ги кршеле или ограничувале основните слободи и права на граѓаните, а за сметка на тоа се стекнале со привилегии за себе или за своите блиски и сега се чуствуваат засегнати.

-Комисијата и покрај притисоците со кои во континуитет се соочуваше од страна на противниците на процесот на лустрацијата, работеше напорно и посветено и успеа и пред предвидениот рок да ги исцрпи претпоставките и планирањата за својот мандат. И можам да кажам дека еден идеолошки процес кој беше очекуван од нашите граѓани за исправање на една историска неправда која некои луѓе ја правеле од политички и идеолошки побуди на сметка на демократските и граѓанските права на лицата – жртви на тој режим и судбините на нивните семејства е заокружен. Нашата работа слободно може да приврши во наредниот период од месец до два. Јас и членовите на комисијата сме задоволни од она што го постигнавме, а постигнавме многу, оцени Аџиев воинтервјуто за Република.

Аџиев истакнува дека за овој процес е важно следењето на европските норми и директиви кои го пропишуваат во детали одвивањето на овој комплексен процес: -Како што и кажав, ние во нашето досегашно постапување, освен законската регулатива на државата ги следевме резолуциите и препораките од Европската Унија, резолуциите на Парламентарното Собрание на Европа и другите надлежни субјекти кои се од функција за верификацијата на факти. Во последните години, по донесувањето на законските измени, процесот на лустрацијата зеде еден поширок замав кој во својата суштина си ја одигра улогата на обелоденување на вистината, исправањето една голема неправда. За целиот процес на лустрација важни се препораките и европските стандарди- истакнува Аџиев.

Претседателот на Комисијата додава дека неопходноста од процесот на лустрација, односно позитивен елемент од неа е тоа што без лустрација, јавноста не ги знае соработниците на полицијата и затоа лицата кои работеле во тајните служби можат да продолжат да ги злоупотребуваат информациите кои ги поседуваат за нив.

-Тие можат да уценуваат и да вршат притисок. Лустрацијата, исто така ги прави достапни имињата на лицата (соработниците) кои можат да бидат уценувани и со тоа спречува вршење на нови злоупотреби од страна на припадниците на тајната полиција. Ако овие информации се транспарентни и достапни за јавноста, тогаш не можат да се злоупотребат. Крајно, овој процес ја има и онаа хумана и цивилизациска придобивка, подвлекува Аџиев

ПОвеќе на РЕПУБЛИКА

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега