„Си ги однесов другарите во смрт" - Душан моли за прошка

Прифаќам дека сум виновен. Трагедијата ќе ме следи до крајот на животот. Со овие зборови возачот на БМВ-то на смртта, Јовановиќ, се обратил пред судијата. 

- Многу ми е тешко, многу се каам. Она што се случи засекогаш ме обележа, остави црна дамка и на мене и на моето семејство, и на семејствата на моите другари. Се надевам дека семејствата на моите другари Немања, Милош и Анастасија ќе можат да ми простат, изјави момчето кое управуваше со возилото, 19-годишниот Душан Јовановиќ, додека членовите на неговото семејство и семејствата на настраданите со солзи слушаа.

За потсетување, несреќата во која згаснаа млади животи се случи на 22. ноември, на Ада Хуја, кога петмината млади со БМВ паднаа во Дунав. Двајца се спасија, а останатите водата ги однесе во смрт.

Инаку, возачот возел под дејство на алкохол и без дозвола. Друштвото се враќало од ноќен клуб.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега