„Ја прегази и избега, жената лежеше во крв" - очевидците раскажуваат за трагедијата

Полицијата во Србија се уште трага по Македонецот кој вчера усмрти постара жена и ја остави да лежи на улица. Според најновите податоци на српскиот Курир, возачот Чазим Елезич кој управувал со шлепер со кумановска регистрација, на пешачки премин со камионот ја прегазил 62-годишната Љиљана Павловиќ, по што побегнал од местото на кобниот настан.

Несреќата се случила околу 11 часот и 30 минути кога жената се обидела да премине улица на обележан пешачки премин. Тогаш, на нејзина несреќа, на неа налетал камион марка Мерцедес со кој управувал 49-годишниот Македонец, а откако ја прегазил, излетал од камионот и побегнал пешки, без да се сврти и да погледне што и направил на Љиљана која за жал починала на местото на настанот од тешките повреди со кои се здобила.

- Жената е добра, живее во близина, тргнала до продавница и еве што ја снајде. Има сопруг и две ќерки од кои едната е во Америка, вели очевидец.

Полциијата сеуште трага по несовесниот возач.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега