Убиен полицаец - двајца ранети во полициска акција во „кралството на канабисот“

Еден полицаец е убиен, а двајца се ранети во Лазарат, кога вооружени лица се обиделе да ги спречат силите на редот да спроведат контрола на ова упориште на трговци на дрога, соопшти денеска полицијата, јави Фена, пренесува МИА

Престрелки имало синоќа, кога вооружени лица употребиле тешки митралези и противтенковски ракети, за да ги спречат полицајците да влезат во селото, се наведува во соопштението.

Полицијата ги идентификувала напаѓачите и ја блокирала зоната за да ги уапси.

Полицијата соопшти дека запленила голема количина оружје во зградата од која пукале вооружените лица врз полицијата.

Албанската полиција веќе спроведе голема операција овој месец во Лазарат, село кое носи назив „кралство на канабисот“ поради масовното производство на овој наркотик

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега