Баскерфест во петок во Аеродром

Баскерфест караванот продолжува низ Македонија, но и со уште еден екстра ден во Скопје. Иако заврши официјалниот дел на плоштадот „Филип Втори",  во петок, 26.06 со почеток во 17:00 па се до 00:00 во уличниот театар ќе може да уживаат и граѓаните на општина Аеродром. Баскерфест перформансите ќе се одржат пред и во Капитол Мол. 

За музичкиот дел ќе се погрижи најголемата баскер атракција, самба групата Барбароса, а ќе има и магионичари, акробации со тркало, fire show, жонглери, кловнови, возење моноцикл и активности за најмладите. Покрај одличната забава, најавени се и голем број изненадувања за посетителите. 

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега