Дезинфекција на возовите кои вршат превоз на мигранти

Во Куманово веќе не се забележуваат колони на мигранти од земјите од Блискиот Исток и од Сверена Африка. Во текот на минатата недела, со донесувањето на измените на Законот за азил, екипи на кумановскиот Центар за јавно здравје, информираа дека вршат дезинфекција на композициите кои ги превезуваат мигранти, пренесе МИА.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека добиле информација од ресорното министертво кое во соработка со Министертвото за транспорт и врски како и МВР се кородинираат меѓусебе за состојбата со мигрантите кои патуваат од ГП Богородица кон ГП Табановце со железнички транспорт.

- Дезинфекцијата се врши секојдневно на композициите кои досега пристигаат еднаш дневно на станицата во Куманово и на ГП Табановце. Тие во првите дена беа во помал број, но вчера и завчера тие се цела композиција, при што таа композиција еднаш дневно во текот на вечерните часови, се дезинфецира за да биде подготвена за употреба наредниот ден, изјави доктор Марјан Денковски, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје Куманово.

Во кумановската џамија веќе нема мигранти. Во просториите на џамијата каде што престојуваа мигрантите извршена е дезинфекција.

- Веќе нема мигранти во џамијата побаравме дезинфекција која е извршена, изјави Садула Абдулаи, референт по исламски прашања од муфтивството на ИВЗ Куманово.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега