ФОТО: На новинарот Иванов му се допаѓа барокот во Белград, што не му се допаѓа во Скопје?

Мишко Иванов, новинар во ТВ 24 Вести и неговата сопруга професорката Татјана , уживаат во Белград. За време на своето патување тој објавува фотографии на својот Фејсбук профил. Онаа која најмногу му се допадна и ја постави за профилна слика на социјалната мрежа, Иванов ја направи пред барокна зграда. Очигледно, на новинарот му се допаѓа барокот на било кое друго место освен во градот каде живее и работи. Туристите најчесто кога посетуваат други градови, се фотографираат токму пред вакви објекти, но она што е спорно е фактот дека Мишко Иванов е еден од најгласните критичари на барокот во Скопје. -Проблематичен е и стилот, барок. Зошто барок на кого му се допаѓа, имаше ли референдум за целиот проект, зошто се е сконцентрирано во Скопје, во центарот на метрополата. Велат за вкусовите не се разговара, но големи странски стручњаци сепак овој проект го прогласија за кич на деценијата, напиша овој новинар во колумна за еден портал. Точно, за вкусовите не се расправа. Но човек вкусовите не ги менува, а му служат и за дома и за во странство. Ако на Иванов му се допаѓа барокот во соседна Србија, конкретно во Белград, се прашуваме што и зошто не му се допаѓа во барокот во Скопје?!

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 20:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега