ВИДЕО: Еден припадник на специјалните сили е убиен а двајца се ранети во вооружен конфликт со албански нарко-банди

Еден припадник на специјалните сили загина, а двајца се ранети во вооружен конфликт меѓу полицијата и одгледувачите на дрога во албанското село Лазарат. По минатогодишната опсежна полициска акција, минатата ноќ повторно дојде до инцидент кога група на вооружени лица отворија оган на припадниците на полицијата која е на служба во Лазарат, јавува албанскиот портал Топ ченел. Вообичаено полицијата не смеела да влезе во селото, и да им даде поддршка на колегите, па локалната полиција побарала помош од силите за брза интервенција РЕНЕА. Полицијата и РЕНЕА утрово рано ја почнаа акцијата на апсење на лица кои почнале да пукаат а во моментот кога е блокиран автомобилот со неколку лица за кои се сомневало дека се вооружени, од две куќи во близина почнале да пукаат на полицијата. Првите информации говорат дека во групата која пружала вооружен отпор на полицијата и за која се верува дека ја чинеле 10 до 15 лица, ги изненадила припадниците на РЕНЕА. Во пресметката животот го загуби еден припадник на специјалните сили кои зад себе имал неколку операции во Авганистан, додека двајца се ранети и им е укажана помош и оние се наоѓаат надвор од животна опасност.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега