Нема бактерија во минералната вода која истекува од чешмите од кумановско Проевце

Минералната вода која истекува од чешмите во кумановско Проевце може да се кознумира, но во умерени количини. Сепак, годинава споредено со претходните години испитувањата покажуваат дека не е пронајдена бактерија како што тоа беше случај во изминатите години во овој период. Во однос на микробиолошкиот квалитет земените примероци од вода од минералната чешми од Проевце одговараат во однос на барањата за овој квалитет, потврдуваат испитувањата кои ги изврши Центарот за јавно здравје Куманово. Ова значи дека водата може да се користи, изјави денеска Мимоза Величковски, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје, а пренесе Миа. Примероците биле земени на 17 јуни и набргу по анализата добиени се резултатите. Сепак, нагласи Величковски, оваа вода не треба да биде замена за обичната вода, туку треба да се зема како напиток и да се конзумира како што се конзумира сок или друг напиток. - Мора да напоменам дека за физичко-хемиска анализа не се земени примероци, бидејќи составот го знаеме, се следи со години и децении континуирано, тоа се природни минерални води со зголемена содржина на минерали. Ова подрачје изобилува со концентрации на арсен кои не се вклупуваат во новите правилници. Можам да кажам дека согласно новите правилници, концентрациите на асрсен се нешто поголеми од масимално дозоволените, со тоа што сега во однос на хемискиот состав водата не е исправна за пиење, изјави Величковски. Претходните години во осумте чешми при испитувањето на надлежните од Центарот за јавно здравје се забележуваше појава на бактерии како што беше „псеудомона аерогеноза“. Кумановци и граѓани од соседните општини секојдневно полнат вода од овие чешми.

 

 

Оцени ја веста

24.06.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега